ОБЛАСТИ НА РАБОТА
Интелектуална сопственост
Заштита и спроведување на права од индустриска сопственост и авторско право, поткрепени со лиценца од 2018 година за застапување пред Државниот завод за индустриска сопственост.
Кога да нѐ контактирате
Сакате да регистрирате или лиценцирате бренд, да заштитите авторско дело или да реагирате на можна повреда на вашите права.
Како можеме да помогнеме
- Регистрација на трговски марки и застапување пред Државниот завод за индустриска сопственост
- Советување за патенти, дизајн, лиценци и пренос на права
- Управни постапки и управни спорови пред Заводот
- Спорови за повреда на права, авторско право и мерки за фалсификувана стока
За првиот разговор
Називот, логото или делото; податоци за регистрација, доколку постојат; докази за сопственост или лиценца и примери за можната повреда.
Почнуваме со преглед на достапните информации, разјаснување на вашите цели и разговор за обемот на работа и следните чекори.