Корпоративно право
Основање трговски друштва, промени во сопственоста и управувањето, пренос на удели, односи меѓу содружници и акти за корпоративно управување.
Професионален пристап. Целосна посветеност на вашиот правен проблем.
Практична правна поддршка за компании и поединци.
Со седиште во Скопје, Северна Македонија.
Адвокат · LL.M.GOSHEVSKA.COM
01 / ЗА МАЈА

Маја Гошевска Димитрова дипломирала во 2009 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што завршила и магистерски студии во областа на казненото право и казнената постапка.
Професионалната кариера ја започнала во 2010 година, најпрво како приправник, а потоа како стручен соработник. Правосудниот испит го положила на 30 октомври 2013 година, а во 2014 година станала адвокат, развивајќи ја својата практика во граѓански, трговски, работни и управни предмети.
Во 2018 година се стекнала со лиценца за застапник за права од индустриска сопственост. Нејзината работа во оваа област опфаќа регистрација на трговски марки, советување и застапување во постапки за заштита на права.
Од јануари 2022 година води сопствена адвокатска канцеларија во Скопје. Советува и застапува домашни и странски клиенти, компании, јавни претпријатија, приватни установи и физички лица. Лично се грижи за правната анализа, стратегијата на предметите и редовната комуникација со клиентите.
ПРОФЕСИОНАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Адвокат · LL.M.
Овластен застапник за патенти и трговски марки
КВАЛИФИКАЦИИ
Адвокат, магистер по право и лиценциран застапник за индустриска сопственост. Маја континуирано се усовршува и ги следи новите правни и технолошки трендови, поврзувајќи ги стекнатите знаења со практичните потреби на клиентите.
Поседува сертификат за завршена обука за обучувачи по потрошувачко право во рамките на ConsumerLaw Ready (јули 2026), сертификат за учество на работилницата на МАКП за заштита на личните податоци — од регулатива до пракса (март 2026) и сертификат од Академик за обука за заштита на интелектуалната сопственост во ИТ секторот (март 2024).
Нејзиното дополнително усовршување опфаќа вештачка интелигенција и право, анализа на ризици и безбедност на личните податоци, due diligence, договори за заедничко вложување, транспорт и шпедиција, како и електронски постапки пред Централниот регистар. Има посетувано и обука од 60 часа за кандидати за вештаци во областа на интелектуалната сопственост.
ОБЛАСТИ НА РАБОТА
Од договори и работни односи до интелектуална сопственост, имотни спорови и стечај. Подолу се главните области на работа.
Основање трговски друштва, промени во сопственоста и управувањето, пренос на удели, односи меѓу содружници и акти за корпоративно управување.
Подготовка, ревизија и преговарање деловни договори, договори за услуги и закуп. Советување за исполнување, раскинување, полноважност и договорни ризици.
Правна поддршка за градежни проекти: договори меѓу инвеститори, изведувачи и подизведувачи, дозволи, имотна документација и спорови за недостатоци во градбата.
Договори за вработување и менаџерски договори, интерни акти, дисциплински прашања, престанок на работен однос и застапување во работни спорови.
Правна поддршка за агенции за посредување и привремени вработувања, вклучувајќи лиценцирање, регулаторни обврски и договори за отстапување работници.
Регистрација на трговски марки, патенти и дизајн, лиценци и пренос на права, авторско право и застапување во постапки за повреда на права од индустриска сопственост.
Советување и застапување пред царински органи, вклучувајќи мерки за стока за која постои сомневање дека повредува права од трговска марка или дизајн.
Сопственост и владение, сосопственост и делба на имот, меѓни спорови, имотни евиденции и градба на туѓо земјиште.
Застапување во спорови за исполнување и раскинување договори, надомест на штета и заштита на граѓански права, вклучувајќи барања за времени мерки.
Управни барања, жалби и судски постапки, инспекциски предмети и заштита на правата на клиентите во односите со државните органи.
Застапување доверители, пријавување и заштита на побарувања, прашања поврзани со стечајната маса, планови за реорганизација и учество во одбори на доверители.
Анализа на тендерска документација, правна поддршка во постапките за јавни набавки и оспорување спорни тендери и одлуки.
Наплата на доспеани побарувања, заштита на правата на доверителите, извршни постапки и подготовка на приговори и други поднесоци.
Подготовка на апликации до Европскиот суд за човекови права и анализа на правните средства за заштита на правата гарантирани со Конвенцијата.
ЗА МЕЃУНАРОДНИ ПРАШАЊА
Планирате деловен потфат во Северна Македонија? Контактирајте ја Маја за да разговарате за вашата ситуација и потребната правна поддршка.
Контакт ↗03 / СОГЛЕДУВАЊА
Правни осврти и практични согледувања ќе бидат објавени тука по стручна проверка.
Сè уште нема објавени текстови.
04 / КОНТАКТ
КАНЦЕЛАРИЈА
Маја Гошевска Димитрова
Адвокат · LL.M.
Ул. Симеон Кавракиров бр. 27/2
1000 Скопје, Северна Македонија